Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Руска новинарка приведена па ослободена, прогласена за непожелна личност на Косово

„Дарија Асламова стапи во контакт со нашата редакција и кажа дека се наоѓа во местото Рашка. Ноќта на 7 август косовските власти ја пуштиле по приведувањето, а потоа таа сама отпатувала со автобус“, се наведува во соопштението на весникот кое го пренесува агенцијата РИА Новости.

Таа стапила во контакт со руската амбасада во Србија. Асламова синоќа беше приведена на Косово, а според министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечија, била осомничена за шпионирање во корист на руските разузнавачки служби.

Како што наведува РИА, Свечија не дал никакви докази за овие тврдења.

Комсомолскаја правда објасни дека Асламова се наоѓа во Србија по налог на уредникот и дека требало да подготви специјален извештај за најновото заострување на тензиите меѓу Белград и Приштина.

Свечија соопшти денес дека руската новинарка Дарија Асламова е прогласена за непожелна личност и дека ѝ е забранет влезот на Косово пет години.

„Како министер за внатрешни работи, во рамки на своите законски овластувања, ја прогласив Дарија Асламова за непожелна личност во Република Косово. На ова лице му е забранет влез на територијата на Република Косово пет години“, наведе Свечија.

Според него секој кој е со одредени цели или директиви или се обидува да го дестабилизира Косово ќе се соочи со силата на законот.