Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Руската Дума в четврток би можела да расправа за анексијата на окупираните украински територии

Од: А1он

Долниот дом на рускиот парламент, може в четврток да почне дебата за анексијата на окупираните делови на Украина, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор. Москва организира референдуми за приклучување кон Русија во четири окупирани региони на Украина, што наиде на осуда од Киев и западните земји, кои го нарекоа гласањето измама и ветија дека нема да ги признаат резултатите.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме, повеќе од 730 луѓе ширум Русија беа приведени денеска за време на протестите против мобилизацијата, соопшти група за човекови права, три дена откако претседателот Владимир Путин нареди прва воена мобилизација на Русија по Втората светска војна за конфликтот во Украина.

Независната групација ОВД-Инфо соопшти дека приведувањата се извршени во 32 града, од Санкт Петербург до Сибир. Протестите се незаконски според рускиот закон, кој забранува каква било активност што се смета за клеветење на вооружените сили.