Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Руската флота за првпат во Јадранското Море од почетокот на војната во Украина, блокирала американски носач на авиони

Како што јавува италијанска Ла република, на 22 јули рускиот разурнувач „Адмирал Трибуц“ стигнал дури до Абруцо, а го следел крстосувачот „Варјаг“, кој сопрел во близина на градот Саленто во регионот Апулија. Целта на руските бродови наводно била да го блокираат американскиот носач на авиони „Труман“.

Заедно со нив бил и шпионскиот брод „Василиј Татишчев“, со инструменти за пресретнување радио комуникации и сензорски импулси. Како што наведува Ла република, неговата задача била да ги следи „електронските реакции“ на НАТО.

Весникот додава дека руски бродови никогаш досега не се осмелиле на „блокирачки маневар“ осмислен да го ограничи движењето на американскиот носач на авиони „Труман“ – водечкиот брод на НАТО во Средоземното Море кој во последните месеци често се движи низ Јадранот.

Ла република пишува и дека командите на НАТО покажале дека нема да се откажат од контролата на преминот меѓу Јонското и Јадранското Море.