Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Руската новинарка уапсена на Косово: Полицијата ме прашуваше за шпионирање и за трговијата со органи

Руската новинарка апсењето и испрашувањето го оцени како добра ситуација за репресивен апарат кој новинарите може да ги прогласува за шпиони, особено руските новинари.

Таа кажа дека на Косово отишла со сопругот, хрватскиот новинар Роберт Валдец, да ги посети манастирите Бањска и Високи Дечани.

Уште на преминот Јариње им станало јасно дека нешто не е во ред, бидејќи забележале дека цариниците „се вознемириле веднаш штом им ги земале пасошите“ и веднаш се јавиле во Приштина.

„Веднаш беше јасно дека сме уапсени. Двајца помлади мажи дојдоа и се претставија дека се обични полицајци, иако ни беше јасно дека се разузнавачи, во црни фармерки и кошули“, кажува новинарката.

Таа оцени дека испрашувањето било професионално подготвено, и дека имале досие за неа, а ја прашувале за интервјуата со Сергеј Лавров, Радован Караџиќ, Жан Мари ле Пен, Башар Асад, како и зошто била депортирана од Молдавија и што правела во Донбас.

„Прашањето кое многу ги интересираше е дали знам нешто за исчезнувањата на луѓе на Косово и за луѓе на кои им се вадени органи и дали сум правела паралели во интервјуата за трансплантацијата на органи на Косово и во Украина. А сум пишувала. Кога пишував за мигрантската криза, пишував и за луѓето кои исчезнуваат. Претпоставив дека исчезнуваат за нивните органи да бидат продадени на пазарот, како што беше случајот со луѓето на Косово“, наведува Асламова.

Истакнува дека било „симптоматично“ кога ѝ предложиле да разговараат без снимање, а разговорот тргнал во „политичка насока“ со прашањата – што е тоа руска специјална операција и што се случува во Украина, поради тоа што таа била таму. Дури потоа „почнал притисокот“, па од неа барале да одговори на, како што вели, „многу глупавото прашање“ – „Дали сте шпион?“

Тогаш не знаела дека косовскиот министер за внатрешни работи веќе објавил дека е „фатена водечка руска шпионка“. На крајот, вели, донеле одлука со сопругот да ја спроведат на административен премин, со придружба на оклопно возило.

„Сега во сите светски медиуми сум означена како водечка руска шпионка, а мојот пасош веројатно е кодиран“, уверена е Асламова, тврдејќи дека мобилните телефони кои им биле одземени па вратени, „сега се однесуваат чудно“.