Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Рускиот амбасадор во САД: Вашингтон сака да ја распарчи Русија и да ја фрли на колена

„Сега Вашингтон си постави задача да ја урне Русија, да ја фрли на колена, а најдобрата опција е да ја распарчи, создавајќи на руската територија неколку феудални кнежевства и, нормално, да ја лиши од нуклеарното оружје и легитимното место како постојана членка во Советот за безбедност на ОН“, кажа Антонов на конференцијата „‚0 години од Кубанската криза“.

Како што оцени, денес е тешко да се предвиди колку далеку е спремен да оди Вашингтон во влошувањето на односите со Москва.

„Постои силен притисок на САД долж целиот периметар на руските граници, при што Украина стана полигон за тестирање на најнепријателските шеми“, кажа рускиот дипломат.

Според Антонов, „би сакал да верува дека, и покрај тешкотиите, Москва и Вашингтон денес не дошле до точката на уривање во понорот на нуклеарен конфликт“.

„Секој ден сè повеќе се гаси и она малку што свети во контактите меѓу двете земји. Би сакал да верувам дека, и покрај сите тешкотии, со Американците не сме дојдени до опасниот праг да се урнеме во амбисот на нуклеарен конфликт“, додаде рускиот амбасадор.

Тој потсети дека Русија е посветена на формулацијата дека во нуклеарна војна не може да има победник и дека таква војна никогаш не треба да почне.