Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Русковска и уште две обвинителки деновиве на распит во ОЈО Скопје

Муареми веќе бил сослушан, а за предметото се прибрани материјални докази, дополнуваат од Обвинителството и велат дека пријавителот поднел и извештај од Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој утврди дека претресот бил незаконски.

Обвинителката Русковска неодамна поднесе жалба на одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Советот на јавни обвинители ја одби поднесената жалба. 

За претресот на 18 јули, годинава во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.

Финансиската полиција во август на Русковска и одговори дека од нив не барала 300 предмети.