Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СБ на ОН ќе расправа за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во јужна Украина

Од: А1он

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на инсталацијата.

dobivaj vesti na viber

Средбата на претставниците на 15-те земји членки на Советот за безбедност ќе се одржи на барање на Русија.

Русија има право на вето, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, а тоа се Кина, САД, Франција и Велика Британија.

Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа „Запорожје“ што од март е под руска контрола.

Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) ја обвини Русија дека го загрозува регионот околу Запорожје и побара атомската централа да биде вратена под ингеренции на украинските власти.

Извор: МИА