Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СДСМ: Ги реализираме стратешките цели на државата, блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се осудени на порази

Од: А1он

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, ги реализира стратешките цели на државата.Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот глобален безбедносен сојуз. По 17 години минати во чекалната, конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во ЕУ велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

– Од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги започнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет. Од друга страна, наспроти државничкото и одговорно однесување на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски прават се за да ја загрозат европската иднина на државата. Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев преку блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија со обидоа да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја дестаблизират државата. Таквите обиди им пропаднаа, СДСМ, институциите и граѓаните не дозволија тие да ја загрозат европската иднина. Се додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразувани се вели во соопштението од СДСМ.