Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наместо за граѓаните, се грижат за личните и партиски интереси

„Во време на криза наместо да им помогнат на граѓаните, тие дополнително го влошуваат нивниот стандард со покачување на цените на комуналните услуги. Општина Штип за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубрарината. Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш се покачени давачките за комунални услуги. Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз“, пишува во соопштението.
Од партијата додаваат дека додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри, а нивните градоначалници и директори за само 10 месеци успеале да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност.