Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СДСМ: Мицкоски за тендери е гласен, за струја од хидроцентралите молчи

„Христијан Мицкоски со денови е гласен за одредени тендери, за фабрикувани лаги и конструирани случаи, но никаде го нема кога треба да се зборува за струјата од неговите хидроцентрали. Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие, тоа го потврдуваат и официјални документи од институции“, велат од СДСМ.

СДСМ го обвини Мицкоски дека се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии.

„Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните? Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза. Или провизии се дел од причината зошто се молчи?“, прашуваат од владејачката партија.