На Мицкоски паметот му е во тендерите, не му е гајле за граѓаните. Вака го опишуваат од владејачката СДСМ во врска со однесувањето на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски.
„Едни исти фабрикувани лаги шири Лефков од белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, откако самите се фатија во криминал од 136 милиони евра за провизии. Познат и по хидроцентралите, зошто Мицкоски не ја отстапи струјата бесплатно на граѓаните?
Затоа ВМРО-ДПМНЕ се уплашени од чесната и одговорна работа на претседателот Димитар Ковачевски.
Сите официјални податоци ги демантираат фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
„Џабе се овие лаги кои сите официјални податоци ги демантираат и покажуват дека претседателот Ковачевски уште во 2020 година целосно се повлекол од компанијата и нема никаква врска.
Наместо да фабрикува невистини Лефков нека го повика Мицкоски да ја отстапи струјата од неговите хидроцентрали на граѓаните. А пратениците во Собранието конечно да ги деблокираат законите за енергетиката“, се додава во партиската реакција.