Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СДСМ: Со Куртовски, Маврово и Ростуше доживеа забрзан развој

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска се сретна со мештаните на Велебрдо, каде во изминативе 4 години се изврши реконструкција на локалниот пат, дел од канализациона мрежа и нова водоводна линија, информираат вечерва од СДСМ.

„Мештаните на Велебрдо го изразија своето задоволство работата на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.

Со Куртовски, Велебрдо ќе добие реконструкции на три селски улици, изградба на детски забавен парк, промена на главната водоводна линија и уредување на пат од месноста Нарид до месноста Требишка река, како и чистење и уредување на диви депонии.

Со Куртовски проектите во Маврово и Ростуше не запираат.

Оваа општина доби нов лик, со изградба на клучни проекти со кои овој крај се развива и решени бројни прашања на граѓаните.
Маврово и Ростуше, како општина со Медат Куртовски како градоначалник, доживеа забрзан развој.

Токму затоа Маврово и Ростуше е обединето во поддршката за Медат Куртовски“, се вели во соопштението на СДСМ доставено вечерва до медиумите.