Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Се судрија три автомобили на булевар „Словенија“ – повредени седум лица, меѓу нив и малетник

На 04.10.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел“, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.