Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Се уште активен пожарот кај Фурка, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер

Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што беше побарана, преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), воздушна поддршка. Испратен е еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи кој дејствува зедно со авионот „ер трактор" од Дирекцијата за заштита и спасување.

Ако има потреба од дополнителна воздушна поддршка, ќе биде побарана помош од Армијата, велат од ЦУК.

Активен пожар има и кас охридското село Расино. Гори дабова и борова шума, а огнот го гасат екипи од ТППЕ Охрид.