Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Се запали возилото во кое се возел началникот на Генералштабот на Армијата

Генералот Ѓурчиновски учествуваше на 25-тата конференција на началници на генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба и вчера при враќањето низ Косово се случила помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал.

Во соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата се вели дека во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Македонија.