Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СЕЌАВАЊЕ: 33 години од смртта на Кирил Билбиловски, пионер на македонската кинематографија

Денеска се навршуваат 33 години од смртта на Кирил Билбиловски, пионер на македонската кинематографија, еден од првите уметнички фотографи и втемелувач на професијата филмски снимател во Македонија.

Билбиловски почина на 24 септември 1989 година во Охрид.

Животната преокупација – филмската уметност ја работеше со неверојатен ентузијазам, снимајќи повеќе од сто документарни филови и десеттина играни филмови. Како филмски снимател неговото име се јавува и на шпицата на првиот македонски игран филм „Фросина“.

Мошне значајни се и креациите на неговата филмска камера во филмовите „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Македонска крвава свадба“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“ и во други.

Роден е во Скопје, на 3 мај 1920 година.