Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Селанец со „мерцедес“ удри во дете

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден, 29-годишник од с.Марино, со „мерцедес“ удрил во малолетен пешак, кој е тешко повреден.

„На 06.08.2022 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, С.Ш.(29) од с.Марино, општина Илинден, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје“, стои во соопштението на МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.