Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шефот на тајванската дипломатија е загрижен дека Кина би можела да почне војна

„Ме загрижува дека Кина навистина би можела да почне војна против Тајван. Но ова што во моментов го прави е обид да нè уплаши и најдобриот начин да се избориме со тоа е да ѝ покажеме на Кина дека не се плашиме“, кажа Ву за Си-ен-ен.

Тој наведе дека Пекинг со години му се заканува на Тајван, и дека во последните неколку години заканите станале посериозни.

Како одговор на неодамнешната посета на Тајпеј на претседателката на долниот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси, Кина почна воени вежби околу Тајван.

Пекинг смета дека Тајван е одметната провинција и се противи на каков било дипломатски контакт на тајванските власти со други држави.

Ву кажа дека кинеска воена закана секогаш постоела, без оглед на посетата на Пелоси, и додаде дека посетите на странски функционери се важен дел од стратегијата на Тајван против обидите на Кина да го изолира од меѓународната заедница.

„Кина не може да му нареди на Тајван дека не смее да ги прими во посета оние кои сакаат да дојдат и да му пружат поддршка“, наведе Ву.