Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шест пожари изминатото деноноќие го зафатија Куманово

Шест пожари избувнале во изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарникарите гаселе пожар на различни локации во населбата „Бабин Дол“ од 01:40 до 02:40 по полноќ, горело запалено ѓубре во населбата „Перо Чичо“ од 15 до 16:10 часот кое пожарникарите го гаселе со две возила.

Пожар на стрниште имало и во месноста „Менкова колиба“ околу 14 часот. Сува трева горела и во близина на „Филтер станицата“, стрниште било запалено во село Романовце во претпладневните часови.

Во текот на вчерашниот ден бил запален и електричен кабел на улицата „Тонко Димков“. На сите пожари интервенирала по една противпожарна екипа.