Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Школите не треба и не требаше воопшто да се затвораат

Индивидуалниот ризик од ковид за децата е - и отсекогаш бил - низок. Кризата со која се соочуваат тие во овој момент од пандемијата не е вирусот, туку направената штета од толку години пореметено школување. 

Главна цел за следната учебна година треба да биде максимизирање на времето во училница, ослободување од прекумерните политики за карантин и изолација а маските да бидат стратегија како дете побрзо да се врати во училница откако ќе се разболе.

Сегашната стапка на хоспитализација на деца на училишна возраст во САД е 0,4 на 100.000 деца. Највисока дневна стапка на хоспитализација на деца беше за време на омикрон бранот во јануари 2022 година и надмина нешто повеќе од едно на 100.000 деца.

За возрасните ризикот е поголем но може да се менаџира. Смртната стапка меѓу невакцинираните во Њујорк е 5 на 100.000, за вакцинирани е нешто помалку од еден а за оние со бустер 0,77. Се проценува дека со комбинација на разболувања и вакцинации, 95% од возрасните Американци имаат имуносистем кој веќе се соочил со вирусот.

Со повисок ризик се оние постари од 50 години но тука е Паксловидот кој е речиси 90% ефикасен за избегнување хоспитализација.

„Училиштата треба да бидат отворени. Тие никогаш и не требаа да се затвораат и тоа е грешка која ќе ја плаќаме со децении,“ пишува доктор Џозеф Ален во Њујорк Тајмс.

Фокусот треба да е ставен на вентилација и филтрација на просторите при што ковидот е драгоцен повод да се размисли за овој запоставуван проблем при дизајнирање на инфраструктурата.

Тестирањето треба да се прави само за дијагностицирање, за да се види од што е болно некое дете, но не и заради увид и контрола на целокупната состојба.

И со карантини треба да се престане. Не треба дете да изостанува од школо затоа што имало контакт со некој што има ковид. Оваа пракса тотално го пореметува нормалниот процес па половина деца ги нема во клупи.

Останува прашањето: што со дете кое има ковид? Првиот дел од одговорот е очигледен. Деца со јасни симптоми треба да останат дома. Позезнат е вториот дел - кога да се вратат.

Ален се согласува со актуелното упатство на Центарот за контрола и превенција на болести: пет дена во изолација, пет дена меѓу други - со маска. А смета и дека е време да се укинат и останатите бариери - да не им се забранува на родителите да влегуваат во училиштата и да не се лимитираат школските патувања.