Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шкупи го загуби првиот меч од Балкани, мора да оди на победа во Приштина (ВИДЕО)

Шкупи не ја искористи предноста на домашен терен, го загуби првиот меч со Балкани, па сега во Косово ќе мора да оди на победа за да ја оствари целта, пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Мечот почна одлично за Шкупи, по неколкуте создадени шанси, Сандеј Адетунџи погоди со глава во 19. минута за водство од 1-0.

Но, радоста не траеше долго, само четири минути подоцна Балкани го изедначи резултатот со гол на Рахмани. Со 1-1 се замина на полувремето.

Во 67. минута Кореница постигна прекрасен гол за комплетен пресврт и водство на Балкани од 2-1.

До крајот на мечот Шкупи ја погоди пречката преку Кувен, а оправдано поради офсајд му беше поништен гол на Адетунџи.

Чаирчани имаа уште неколку шанси за гол, но не успеаа да избегнат пораз. Реваншот во Приштина се игра за седум дена со почеток од 20 часот.