Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шкупи заврши со Лига Европа, загуби од Шамрок и во Скопје

Сонот за европска есен на Шкупи останува, но тоа нема да биде во Лига Европа, македонскиот шампион не го помина Шамрок, па му преостанува уште обидот во Конференциската лига.

Мечот почна со предност за Шамрок од 3-1 остварена во Ирска, на Шкупи му требаше победа од најмалку два гола разлика, но доживеа пораз од 2-1.

Повеќе од еден час игра мрежите мируваа, резултатот го отвори Рори Гафни во 65. минута кој постигна гол за водство на Шамрок од 1-0, мисијата за Шкупи стана уште потешка.

На пет минути до крајот Шамрок преку Аидомо Емаку даде гол за водство од 2-0 и стави крај на сите дилеми ако и тогаш имаше било какви сомнежи дека Ирците ќе одат понатаму.

Длабоко во судиското продолжение, во 94. минута, најдобриот фудбалер на Шкупи, Сандеј Адетунџи успеа само да го ублажи поразот намалувајќи на 2-1.

Овој пораз не го исфрли Шкупи од Европа, само го префрли во квалификациите од Конференциската лига. Таму македонскиот шампион ќе игра во плејоф за пласман во групната фаза со подобриот од дуелот меѓу Балкани од Косово и Ки Клаксвик од Фарските острови, реваншот се игра во четврток, а по првиот дуел косовскиот тим води со 3-2.