Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шолц против санкции на туристите: Војната е на Путин, а не на рускиот народ

„Граѓаните на Русија не ја почнаа војната, но мораме јасно да кажеме дека ја поддржуваат“, кажа во понеделникот вечерта премиерката на Финска Сана Марин. Санкции за руските државјани, а не само на поединци од раководството во Москва, поддржа данската премиерка Мете Фредриксен, но не и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Не е во ред граѓаните на Русија како туристи да одат во ЕУ, во шенгенскиот простор и таму да шетаат, додека Русија убива луѓе во Украина“, кажа Сана Марин во Осло на самитот на скандинавските земји и Германија.

Шолц остана на своето противење на општа забрана на патувањата наведувајќи дека тоа може да ги погоди и руските државјани кои бегаат од режимот на Путин.

„Нашите одлуки не треба да им го отежнат патот во слободата, да ја напуштат земјата и да се тргнат од диктаторот“, кажа германскиот канцелар.

„Ова е војна на Путин, а не војна на рускиот народ“, истакна Шолц.

ЕУ веќе им воведе ембарго на патувањата на поединци од рускиот политички и економски врв. За проширување на забраната за патувања на останатите граѓани минатата недела се изјасни и премиерката на Естонија Каја Калас.

Премиерите на Норвешка и Данска бараат за санкциите да се расправа на самит на ЕУ. „Некои Европејци, можеби особено Украинците“, мислат дека е чудно што руските туристи и покрај војната можат во ЕУ, кажа Фредериксен.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон јасно го поддржа предлогот да се разговара, но многу малку кажа за овој став, како и норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре.

Норвешка од средината на јуни, кога Русија драстично го намали извозот во ЕУ, е најважниот испорачувач на гас во Германија.