Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шолц: Русија нема да победи

Тој кажа и дека постојат „други бојни полиња“ на кои мора да се посвети меѓународната заедница, пред сè гладот, кој е голема опасност.

Зборувајќи за ситуацијата во Германија, Шолц кажа дека Берлин донел долгорочни одлуки поврзани со снабдувањето со енергенси и дека добро ќе го мине претстојниот период.

„Гледаме страшни слики од војната на Русија против Украина. Слушаме вести за разурнување и смрт. Знаеме дека Русија нема да победи во оваа војна“, оцени Шолц.

Додаде дека поради кризата со храната е направено сè за да се обезбеди извозот на житарки од Украина.

„Постои и битка околу прашањето како да го обезбедиме снабдувањето со енергенси во Европа. Донесовме во Германија долгорочни одлуки за да го обезбедиме снабдувањето со струја, гас, топлина. Денес можеме да кажеме дека добро ќе поминеме низ претстојниот период“, истакна Шолц.

Кажа дека нова задача за владата е прашањето на цената на струјата и гасот, како и другите енергенси.

„Тие цени се преголеми и мора да бидат намалени. Владата ќе се погрижи за тоа. Формиравме комисија и разговараме со сите кои увезуваат гас во Европа и Германија“,  кажа германскиот канцелар.

Кажа дека и по тоа прашање ќе има понатамошни предизвици, и истакна дека е важно да се применат пакети мерки за растоварување на граѓаните.