Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Швајцарија ги советува граѓаните да купуваат свеќи

Граѓаните на Швајцарија треба да набават свеќи за своите домови за случај на повеќечасовни прекини во испораката на електрична енергија, порача Вернер Лугинбил, шефот на националниот енергетскиот регулатор (Елком).

Во Швајцарија веќе за наесен се подготвуваат за проблеми во електроснабдувањето, а на граѓаните им се порачува да бидат подготвени за прекини во испораката во зимските денови.

-Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва – рече тој, посочувајќи дека предупредувањата на „Елком“ изминатите години не биле примани доволно сериозно.

Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите и осветлените реклами.

Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.