Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Швајцарија го загуби статусот на неутрална држава, тврди Москва

Официјална Москва го отфрли планот на Киев за тоа Швајцарија да ги застапува интересите на Украина во Русија, наведувајќи дека повеќе не ја смета Швајцарија за неутрална земја.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Иван Нечаев денеска изјави дека Швајцарија побарала дозвола од Москва да ги застапува интересите на Украина и дека Москва го одбила барањето.

– Многу јасно одговоривме дека, за жал, Швајцарија го загуби статусот на неутрална држава и дека не може да биде посредник или претставник, рече Нечајев. – Берн се приклучи на незаконските санкции на Западот против Русија, појасни тој.

Нечаев додаде дека Швајцарија не може да ги застапува ниту руските интереси во Украина.

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија набргу откако Москва ја почна инвазијата на земјата на 24 февруари.

Киев побара од Швајцарија да ги застапува интересите на Украина во Русија, додека Берн инсистираше на тоа дека треба да се добие согласност од Москва за таков потег.

Претходно денеска, Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека бил постигнат начелен договор со Швајцарија за застапување на украинските интереси на територијата на Русија.

– Во име на претседателот на Украина, Министерството за надворешни работи постигна начелен договор со Швајцарија за застапување на украинските интереси на територијата на Русија. Изборот во корист на Швајцарија е направен поради нејзиното големо искуство во извршувањето на таквите функции и ние сме благодарни на швајцарската влада за нејзината подготвеност да ги обезбеди овие услуги, изјави Олех Николенко, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина.

Како што е наведено, Министерството за надворешни работи прави максимални напори да ги заштити интересите на украинските граѓани во Русија.

Стотици илјади Украинци кои беа илегално депортирани од украинските градови и села привремено окупирани од руската армија им е потребна помош, меѓу кои има и деца, а на територијата на Русија без документи се најдоа и многу украински граѓани.

Портпаролот додаде дека на територијата на Руската Федерација нема украински дипломатски претставништва.

Извор: МИА