Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шведска се согласи да екстрадира едно лице во Турција

Од: А1он

Шведската влада одлучи да испорача на Турција човек кого Анкара го бара поради измама.

dobivaj vesti na viber

Тоа е прв одговор на Шведска на барањето на Турција да испорача голем број луѓе во замена за дозвола од Стокхолм да аплицираат за членство во НАТО.Турција го укина ветото на кандидатурата на Финска и Шведска за членство во НАТО во јуни по неколкунеделни тензични преговори во кои Анкара ги обвини двете нордиски земји дека засолнила, како што вели Турција, војници на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Како дел од договорот, Турција достави список на луѓе кои сака Шведска да ги екстрадира, но подоцна изрази незадоволство поради недостигот на напредок.

Првиот познат случај на екстрадиција во Турција по потпишувањето на договорот е маж на возраст од 30 години.

Министерот за правда на Шведска, Морган Јохансон изјави дека е „турски државјанин осуден за кривични дела измама во Турција во 2013 и 2016 година“.

– Врховниот суд како и обично го разгледа предметот и заклучи дека нема пречки за екстрадиција, рече тој.

Портпаролот на Министерството за правда одби да каже дали човекот се наоѓа на списокот на луѓе кои Турција ги побара да бидат екстрадирани.

Шведските медиуми објавија дека мажот бил осуден во Турција на 14 години затвор за неколку случаи на измама со банкарски картички.

Осуденикот, кој од минатата година е во притвор во Шведска, вели дека бил осуден затоа што го прифатил христијанството, одбил воена служба и има курдски корени.