Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Скандал во редовите на НБА шампионот: Дејмонд Грин нокаутирал соиграч!

Проблеми во таборот на Голден Стејт на десетина дена пред почетокот на новата сезона, на последниот тренинг имало физичка пресметка помеѓу Дејмонд Грин и Џордан Пул.

Двајцата прво еден на друг се внеле в лице, но вербалната расправија за кратко ескалирала, Грин го нокаутирал Пол па што реагирале останатите присутни на тренингот и спречиле хаосот да биде поголем.

Дејмонд Грин веднаш се извинил, но го чека казна. Не е јасно зошто дошло до пресметка, медиумите пишуваат за „историја“ помеѓу двајцата кошаркари, кои водат преговори за нови договори.

Исто така се пишува дека соиграчите приметиле промени во однесувањето на Џордан Пул по информациите за нов богат договор. Тој ја одработува последната година од руки договорот според кој оваа сезона ќе заработи околу 3,9 милиони долари, а новиот договор кој треба да го добие ќе тежи околу 100 милиони.