Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Скоро 5.000 фирми сѐ уште не исплатиле плата за август

Пет илјади фирми не исплатиле плати на своите работници за месец август. Ова го изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, која додаде дека овие компании воопшто не ги ни пополниле потребните документи за исплати.

Извршниот претседател на бизнис Конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, вели дека не очекува отпуштања од работа поради кризата и повика да се почекаат новите мерки на Владата бидејќи во спротивно, доколку се земат калкулациите на бизнис заедницата дека ќе бидат отпуштени од работа 30 до 50 отсто од вработените станува збор за околу 350 илјади работници.

Лукаревска додаде дека компаниите во земјава се даночно дисциплинирани и дека од 90 до 95 отсто редовно и целосно ги сервисираат даноците кон државата. Податоците покажуваат поскапувањата ѝ годат на државната каса, која се полнела со динамика повисока од онаа планирана од УЈП. Високите цени на производите го зголемуваат процентот на успешна наплата на ДДВ, а со тоа и приливот на пари во државата.