Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Со гаранција од милион евра Жан Митрев вети, а Судот му верува дека нема да побегне

По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје, во август информираше дека била донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката, информира тогаш од Јавното обвинителство.
Жан Митрев тогаш беше повикан на распит за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.

Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев" и доктор Жан Митрев.