Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. Маврово 16, Охрид 20, Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 27.
Утре ќе преовладува сончево и потопло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во сабота.