Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Соработникот на Вукотиќ „паднал“ во кафуле, ќе одговара за планирање на повеќе убиства

Минатата недела во Сплит беше уапсен Владан Мијушковиќ од Никшиќ кој Црна Гора го бара поради сомнение дека како член на криминалната организација на шкаљарскиот клан планирал ликвидација на неколку членови на кавачкиот криминален клан, објави црногорскиот портал Вијести.

dobivaj vesti na viber

Мијушковиќ е уапсен по налог на црногорските правосудни органи, а го чека судење за организирање криминална организација и планирање на повеќе убиства.

Имал лажни документи

Слободна Далмација пишува дека Мијушковиќ е уапсен во кафуле во Подстрана. Со себе имал лажни документи, поради што бил уапсен. Но, откако ги проверила отпечатоците и базите на податоци, полицијата сфатила за кого се работи.

При апсењето полицијата кај него пронашла поголема сума пари, а Мијушковиќ рекол дека се работи за пари кои неговото семејство ги заработило легално и дека ги има бидејќи барал да купи земјиште во Хрватска.

Мијушковиќ беше изведен пред судијата на Жупанискиот суд во Сплит, кој му одреди четириесетдневен притвор за екстрадиција во Црна Гора.

Специјалното државно обвинителство претходно поднесе обвинение против Јован Вукотиќ, Јован Мрваљевиќ и Владан Мијушковиќ од Никшиќ. Според обвинението, Вукотиќ формирал криминална организација со цел да ги ликвидира водачите на кавачкиот клан, Слободан Кашчелан и Радој Звицер.

Јован Вукотиќ, водачот на шкаљарскиот клан, беше убиен на почетокот на месецов во Истанбул. Вукотиќ беше во бегство откако по него беше распишана потерница поради обвинувања дека ги планирал убиствата на своите соперници. Убиството на Вукотиќ ја продолжи долгогодишната криминална војна во која беа убиени повеќе од 60 луѓе.

Мафијашка пресметка во Паг

Неколку дена пред убиството на Вукотиќ, во Паг се случи мафијашка пресметка. Убиен Горан Влаовиќ (38), столар од Зрче. Него го убил 28-годишниот Душко Танасковиќ, припадник на кавачкиот клан.