Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Спомен плочата за АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчињски ќе се става кога ќе треба

„Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во Св. Прохор Пчински за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот Св. Прохор Пчински“, соопшти кабинетот на Пендаровски.

И игуманот на манастирот Св. Прохор Пчињски архимандрит Методије, за МИА потврди дека договорот на двете делегации, македонската и српската, бил плочата да се тргне по прославата на Илинден, и повторно по договор да се става кога ќе треба.