Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на ЕК, фон дер Лејен и бугарскиот претседател Радев

Од: А1он

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари трилатерална средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од кабинетот на Претседателот, на средбата било разговарано за текот на европските интеграции на Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, како и за енергетската криза со чии предизвици се соочува Европа.

Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија очекува поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза и ја истакна важноста од меѓусебна поддршка за јакнење на регионалната енергетска безбедност, се додава во соопштението.