Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Српски медиум тврди: Генералниот секретар на Владата е во тесна врска со Беливук

Од: А1он

Неделникот НИН во најновото издание открива директна врска меѓу генералниот секретар на Владата на Србија, Новак Недиќ и озлогласениот водач на навивачката група на Партизан, Вељко Беливук, кој е обвинет за серија ликвидации. НИН дојде до службена белешка од полицијата која покажува како Недиќ ја заштитил групата Веља Невоља.

dobivaj vesti na viber

Како што открива НИН, апсењето на хулиганите, меѓу кои и членовите на навивачката група Јањичари, кои упаднаа и го демолираа клубот Комитет, го спречил генералниот секретар на Владата, бидејќи се договорил со сопственикот на клубот да ја повлече изјавата дадена на почетокот на истрагата, со ветување дека ќе му ја надомести нанесената штета.

После тоа, сопственикот на клубот се откажа од гонењето.

„Очигледно не беа неосновани долгогодишните сомневања дека генералниот секретар на Владата на Србија, Новак Недиќ е поврзан со групата предводена од Вељко Беливук – Веља Невоља. Ова конкретно го потврдува и Службената белешка на Одделот за сузбивање крв и сексуални деликти на белградската полиција од 11 октомври 2018 година, до која НИН имала пристап. Пет дена претходно, на 6 октомври, група од 30-тина хулигани упаднаа во клубот Комитет, меѓу кои беа идентификувани и членови на навивачката група Јањичари, подоцна преименувана во Принципи, предводена од Беливук. Според службената белешка, Владимир Мацар, сопственик на клубот Комитет во белградската сала Бетон, на полицијата и рекол дека Новак Недиќ и Вељко Беливук побарале од него да го реши проблемот со навивачите на Партизан кои упаднале во неговиот клуб пријателски“, открива НИН.