Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Стоилковски: Каков дебакл за СДСМ и срам за АРМ и НАТО, дезертерот Ковачевски вработува професионални војници преку партиски штаб, оставка од Славјанка Петровска веднаш

Каков дебакл за СДС, партија која што ја води дезертер, повикува граѓани да се вработат како професионални војници, преку партиски штабови, со пријава кај партиски функционери. Пред само еден час, на фејсбук страницата на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на тој огранок, со повик сите кои што се јавиле на огласот за прием на војници во АРМ да се пријават кај претседателот на огранокот и раководството на истиот, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата вонредна прес-конференција:

Ова е дебакл и срам за Армијата. Ова е срам за НАТО. Ја повикуваме Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Петровска ја посрамоти и АРМ и НАТО.

Но, ова е и работа која не може да помине без знаење на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ. Тие се директно одговорни, бидејќи партиските претседатели одговараат директно пред нив.

Дезертерот Ковачевски, калфата Зечевиќ и Славјанка Петровска директно го загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на Алијансата.

Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш.

СДС ги користи партиските ограноци како центри за вработување и центри за регрутација на војска, а вработување добиваат само партиски подобните, не квалитетните, туку тие кои ќе добијат дозвола од партискиот претседател и локалното раководство на СДС.

Ова е доказ дека пред кандидатот за било кое работно место да отиде на интервју, тој треба да отиде во партискиот огранок на СДС.

Ова е доказ како функционира власта. Ова е доказ дека институциите се заробени и дека не постои мерит систем, туку партократија.

Вработување добиваат само тие што ќе бидат одобрени од ограноците од штабот на СДС.

Ова е причината и зошто за 8 години Македонија ја напуштиле над 700.000 млади луѓе.

Македонија не може да продолжи со СДС. Со СДС имаме само криминал, корупција, и вработување по партиски клуч.

Потребни се предвремени избори час поскоро. Вработување по партиски клуч со препорака од партиски штаб и пријава кај претседател на партиски огранок на СДС мора да стане минато. Избори веднаш, порача тој.