Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Струмичани победи, но не стигна до 2.коло во Лигата на шампиони

Одбојкарите на Струмица славеа со 3-1 против Динамо Апелдорн во реванш натпреварот од првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони, но тоа не беше доволно за пласман понатаму, бидејќи загубија во златниот сет.

Нашиот тим на првиот дуел во Холандија загуби со максимални 3-0. Денеска во СЦ „Јане Сандански“, гостите го освоија првиот сет со 22-25. Струмичани ги добија следните три со 27-25, 25-23 и 25-21.  Гостите среќно славеа во златниот сет со 15-13 и така обезбедија учество во второто коло.

Владо Милев со 18 поени беше најефикасен во редовите на Струмица, додека Мартијн Брилхуис имаше 20 за гостите од Холандија.

Динамо Апелдорн во следното второ коло ќе се соочи со Бенфика од Португалија.