Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Субвенции од Град Скопје за стари занаети

Како што соопштија од Град Скопје, целта е да се поттикне развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје.

Право на учество на јавниот повик имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година и занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија).

За потребни документи за пријавување, како и за субвенционирањето на трошоците повеќе детали се објавени во јавниот повик како и на линкот на Град Скопје.

Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање до Град Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 10.12.2022 година.

Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот ,,Прв дојден прв услужен“.

Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна.