Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СУТКОЗ: Инспекторите влегоа во ЈП Водовод и канализација

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денес Државниот инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на голем број на вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности. Оваа информација ја соопштија од СУТКОЗ, во соопштение испратено до медиумите.

„Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а Претседателот на ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и поставувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство“, се потенцира во соопштението на СУТКОЗ.