Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Тајван го отфрли кинескиот модел „една земја, два системи“

Тоа го соопшти министерството за надворешни работи на Тајван, а пренесува Ројтерс.

Канцеларијата за Тајван на Државниот совет на Народна Република Кина и Канцеларијата за информирање на Државниот совет на Народна Република Кина објавија Бела книга со наслов „Прашањето на Тајван и повторното обединување на Кина во новата ера“.

Во неа како главни принципи за решавање на тајванското прашање се наведени „мирното обединување“ и моделот „една земја, два системи“.

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Тајван Зоане Оу на конференција за медиумите кажа само дека народот на Тајван може да одлучува за својата иднина.

„Кина ја искористи посетата на Ненси Пелоси на Тајван како изговор за ново заплашување на луѓето на Тајван“, додаде Оу.