Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Тајван тврди дека кинеските воени вежби се подготовка за инвазија

„Кина ги користи воените вежби за да подготви инвазија на Тајван’, кажа Ву, истакнувајќи дека Кина не само што спроведува сеопфатни воени вежби и лансира проектили, туку спроведува и сајбер напади, користи дезинформации и економски притисоци за да го ослаби морал на јавноста на Тајван.

Откако ќе завршат вежбите, смета Ву, Кина би можела рутински да го продолжи своето постапување за да го наруши статусот кво на другата страна на Тајванскиот теснец. Ву оценува дека тие потези ѝ се закануваат на регионалната безбедност и покажуваат дека Кина има геостратегиски амбиции кои одат подалеку од Тајван.

Кина никогаш не ја исклучи можноста за враќање на Тајван со сила, а портпаролот на министерството за надворешни работи Ванг Венбин во понеделникот кажа дека Кина спроведува нормални воени вежби „во своите води“ на отворен транспарентен и професионален начин, додавајќи дека Тајван е дел од Кина.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана Ву Џијан вчера кажа дека вежбите се „неопходно предупредување“ до Соединетите Американски Држави и Тајван, опишувајќи ги како „целосно разумен и соодветен одговор“ на нивните „неодамнешни провокации“.

Кина одбива да дозволи официјални контакти на други земји со Тајпеј бидејќи го смета островот за дел од својата територија. Тајван, од друга страна, се смета за независен. Него признава суверенитетот на Пекинг и порачува дека за иднината на островот ќе одлучуваат исклучиво Тајванците.

Пентагон вчера соопшти дека проценка на Вашингтон е дека Кина во следните две години нема да се обиде да изврши инвазија на Тајван.