Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Томас Фридман: Путин ја претвора Русија во „голема Северна Кореја“

Од: А1он

Американскиот колумнист Томас Фридман, во напис објавен во Њујорк Тајмс, вели дека е време западните сили сериозно и мудро да се справат со развојот на ситуацијата во Украина, истакнувајќи дека неодамнешните мерки преземени од Кремљ одат во насока за претворање на Русија во „голема Северна Кореја“.

dobivaj vesti na viber

Фридман објасни дека рускиот претседател Владимир Путин со официјалното анектирање на територијата на Украина го иницирал процесот на трансформација на Руската Федерација во „голема Северна Кореја“. За разлика од Северна Кореја, руската верзија ќе биде распространета во 11 временски зони и ќе има воен арсенал со илјадници нуклеарни боеви глави.

Тој вели дека оваа застрашувачка трансформација не само што може да се смета за „геополитичка“ закана, туку ќе биде и човечка трагедија од огромни размери што го уништува човечкиот потенцијал на Русија, на кој човештвото отсекогаш му се восхитувало поради креативноста во различни области, вклучително и културата, уметноста и индустријата.

Фридман истакна дека нема да биде изненаден доколку Путин објави дека е подготвен да преговара по анексијата на украинските региони, бидејќи оваа ескалација, како и делумната мобилизација, може да претставуваат обид да ги задоволи неговите гневни поддржувачи поради „военото понижување“ што го доживеаја руските сили во Украина во последните недели.

Во исто време, може да биде маневар да се обиде да постигне соодветно компромисно решение, додава тој.