Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Трагедија во Софија: Гром усмрти три лица, едно лице се бори за живот

Од: А1он

Три лица се усмртени, а четврто се бори за живот по удар на гром вчера попладне во центарот на Софија.

dobivaj vesti na viber

Како што неофицијално јавува бугарската национална телевизија, загинатите се сириски државјани на возраст од 20 до 30 години.

Инцидентот се случил кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гром. Кај тројца од нив е констатирана смрт на местото на настанот, а четвртиот се здобил со тешки повреди и е пренесен во болница.

Брзата помош била повикана во 18:14 часот и пристигнала девет минути подоцна. Кај тројца од жртвите била констатирана смрт на местото на настанот.

Четвриот бил однесен во болницата „Пирогов“, на Ургентниот оддел. Оттаму потврдиле дека лицето е сириски државјанин на 26-27-годишна возраст. Во несреќата тој се здобил со околу 20 проценти изгореници на телото.

Софија вчера ja зафати силно невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици. Дел од медиумите јавуваа дека за помалку од еден час се забележани повеќе од 800 удари од гром.