Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ТРАГИЧНО ПОЧИНАТИОТ СОПРУГ ОВА НИКОГАШ НЕ БИ ГО ДОЗВОЛИЛ: Николина Пишек ја продава вилата која е како на филм – нејзината цена е незамислива! (ФОТО)

Луксузната вила на Видоје Ристовиќ која ја наследи Николина Пишек (46) од покојниот сопруг и која се наоѓа во Загреб се продава, пренесуваат регионалните медиуми.

Истата осамнала на еден локален сајт за недвижности во вредност од 1,7 милиони евра.

Куќата која ја изгради покојниот Видоје во 2012 година има 420 квадратни метри, истата има пет соби, односно голема дневна соба, кујна која има поглед на базен како и три спални соби.

Вкупната квадратура на дворот е 1460 метри квадратни, а медиумите неодамна шпекулираа дека истата има вредност од 800 илјади евра како и дека парот подигнал два кредита за да ја реновираат истата.

-Едноставна куќа сместена во мирна улица со преубав поглед на базен. Планирано е целосно да се реновира во месец јануари следната година. опремена е со врвен материјал, вилата има подно греење, смарт систем низ целата куќа, како и соларни панели, стои во огласот каде што е прикачена куќата на продажба.