Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Три лица каснати од кучиња во Скопје

Во МВР пристигнале три пријави од различни локации за каснувања од кучиња во Скопје.

Најпрво вчера во 09.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Д.Д.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Само два ипол часа подоцна во Полициската станица Карпош, Ф.Р.(69) од Скопје, пријавила дека на ул.„Франце Прешерн“ била касната од куче скитник.

Последниот случај е регистриран во 16.30 часот во Полициската станица Карпош, С.З.(58) од Скопје пријавила дека на ул.„Ангел Динев“ била касната од куче скитник.