Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Три универзитети ја потпишаа Декларацијата на Стопанската комора за нов економски договор

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески по потпишувањето истакна дека е особено важно, бизнисот и образованието да станат доминантни прашања во државата во следите 10 години, бидејќи тоа не е прашање што се решава за една година, туку прашање за кое е потребен подолг период. Декларацијата усвоена од Собранието на Стопанската комора на 14 јули по повод 100-годишнината на Комората, во која се бара нов економски договор, како и враќање од партиските агенди на државната агенда, е од исклучително значење бидејќи само државната агенда може да го зачувува бизнисот и неговиот развој како единствен кохезиски фактор во државата. 

Ректорите на трите универзитети се едногласни дека економскиот договор е определба која ги поврзува заинтересираните страни, а улогата на високо образовните институции е да испорачаат квалитетни кадри со што стопанството ќе може да го оствари својот развој кој е во интерес на државата. Впрочем и нивната структура на делување се состои од три столба: образование, наука и поврзување со заедницата со што се потврдува нивната општествена одговорност особено сега во услови на криза.

Бизнисот и образованието упатуваат заедничка порака до државата дека градењето на нов економски договор е приоритетен интерес на сите во процесот на приклучување на земјата кон Европската Унија и особено во услови кога градиме стратешки прашања на меѓународен план.  

Декларацијата е веќе потпишана од повеќе од 130 компании (30 големи, 40 средни и 61 мала компанија), и институциите: МАНУ, универзитетот Американ колеџ Скопје, Организацијата на работодавачи на РМ, Занаетчиска комора на РСМ, Сојузот на стопански комори на Македонија и Делегацијата на германското стопанство во Македонија, како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, соопшти Стопанската комора.