Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Турција ја отфрли одлуката на Русија за анексија на четирите украински региони

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека одлуката на Москва претставува кршење на воспоставените принципи на меѓународното право и дека не може да се прифати како таква.

„Турција не ја призна руската анексија на Крим на нелегитимен референдум во 2014 година и во секоја прилика покажува силна поддршка за територијалниот интегритет, независност и суверенитет на Украина. Во согласност со тој став усвоен во 2014 година ја отфрламе одлуката на Русија за анексија на регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во Украина“, се вели во соопштението.

Министерството наведува дека Турција продолжува да „поддржува решение за оваа војна, која зема застрашувачки форми, засновано на мир, што може да се постигне преку преговори“.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот најави присоединување на споменатите региони кон Русија.

Путин рече дека се одржале референдуми и луѓето направиле избор.