Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Убиецот од Русија учел во истото училиште: На пиштолот со кој убивал пишувало „омраза“ и носел кукаст крст на градите

Од: Маја Терзиова

Руската полиција соопшти дека Артем Казанцев, напаѓачот кој уби најмалку 15 лица, меѓу кои 11 деца, напишал „омраза“ на пиштолот со кој ги убивал жртвите во училиштето во Ичевск денеска.

dobivaj vesti na viber

„Истражителите на Рускиот комитет го утврдија идентитетот на напаѓачот на училиштето во Ижевск. Станува збор за Артем Казанцев, роден 1988 година, родум од градот Ижевск, кој завршил во ова училиште. Се проучува личноста на напаѓачот, неговите ставови и околината. Се проверува неговото придржување до неофашистичките ставови и нацистичката идеологија“, велат тие.

Човекот кој утрово го нападна училиштето во Ижевск носел два пиштоли и голем број чаури за нив, како што може да се види на видеото што го објави Истражниот комитет на Руската Федерација.

Видеото покажува најмалку два пиштоли. Напаѓачот подготвил 10-тина рамки со куршуми калибар 9 мм. На нив со црвена боја е испишан зборот „омраза“.

На кадрах — пистолет Макарова и около двух десятков патронов (9х18) с надписью “ненависть”. Данный арсенал принадлежал устроившему стрельбу в ижевской школе. pic.twitter.com/3kS4Ewzxny

— Известия (@izvestia_ru) September 26, 2022

Напаѓачот се самоубил. Носеше црна облека и имаше кукаст крст на градите – нацистички симбол, соопшти денеска Руската истражна комисија.

Рускиот пратеник Александар Кинштајн изјави дека напаѓачот бил вооружен со два несмртоносни пиштоли кои биле модифицирани за да пука со боева муниција.

Според локалната полиција, лицето кое го извршило нападот припаѓало на неофашистичка организација или група.