Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Украина го направи најголемиот пробив на југот од почетокот на војната, брзо напредуваат и на исток

Градот Дудчани, кој се наоѓа на околу 30 километри јужно од местото каде што беше фронтот, повторно е под контрола на Украина. Ова укажува на најбрзиот напредок на украинските сили на југ досега.

Вкупно 31 руски тенк се уништени при движењето на украинските сили кон југ, заедно со еден повеќекратен ракетен фрлач. Украинската офанзива се прошири и забрза на исток од земјата, заземајќи повеќе територии во областа што минатата недела беше анектирана од Русија, пренесува Скај њуз. Загрозени се и рутите за снабдување на руските сили.

Претседателот Зеленски рече дека украинската армија ги освоила задните градови во голем број области, но не даде дополнителни детали. Веста доаѓа откако тој потврди дека источниот град Лиман, во Доњецк, е „целосно исчистен“ од руските сили. Украинските сили го вратија градот во саботата, откако Кремљ објави дека руските трупи се повлечени бидејќи биле опколени. Повторното заземање на градот, кој беше под руска контрола од мај, означи уште една победа за Украина во нејзината контраофанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање рече дека вооружените сили успешно ја продолжуваат контраофанзивата. Не ги спомна имињата на ослободените села.

„Продолжуваат жестоки борби во многу области на фронтот“, рече Зеленски. „Сѐ повеќе Руси се обидуваат да побегнат, војската на напаѓачите трпи се повеќе загуби. Тој додаде дека постои „сè поголемо разбирање (во Русија) дека Русија погрешила со тоа што започнала војна против Украина“.