Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Украински генерал: Русите ќе удрат повторно, ќе биде масакр за сите мобилизирани кои сакаат да избегаат од оваа војна

„Се чини дека Русија повторно концентрира луѓе и опрема во близина на својата граница спроти Харков за можен нов напад врз вториот по големина град во Украина“.

dobivaj vesti na viber

Ова го предупреди генералот одговорен за одбрана на градот.

Бригадниот генерал Сергеј Мелник, командант на воениот гарнизон во Харков, изјави за британски Телеграф дека Русите редовно гаѓале со тенковски гранати и испраќале ирански дронови камикази преку границата откако се повлекле од позициите северно од градот минатиот месец.

„Ситуацијата е далеку од мирна“, вели Мелник. „Од другата страна на границата акумулираат многу голем број војници и опрема. Што ќе се случи понатаму, сè уште не знаеме. Можеме само да претпоставуваме – или ќе тргнат во правец на Харков во вториот ешалон или кон Доњецк. Кога ќе почнат да се движат и кога ќе се формираат во позиции на борбени формации, ќе сфатиме каде одат“.

Ова може да значи дека делумната мобилизација на Русија дава подобри резултати отколку што сугерираат многу западни аналитичари.

Mногу набљудувачи на војната во Украина тврдеа дека на регрутите и резервистите ќе им требаат два до три месеци за да пристигнат на бојното поле бидејќи треба да бидат обучени, опремени и конечно – интегрирани во единиците. Сега извештаите од Русија покажуваат дека многу регрути се испратени во единиците на првата линија со само еден ден обука.

Бригадниот генерал Мелник исто така рече дека руските бригади претрпеле големи загуби, но дека се очекува Русите да ги растурат резервистите меѓу овие единици за да се намали ризикот од можен бунт.

„Ако мислите дека мобилизираните резервисти се собираат во една бригада, многу се лажете“, коментира тој.

„Руската 200-та бригада што стоеше до Харков има 40 или 50 проценти загуби. Така тие ќе ги надополнат тие 50 проценти. И потоа ќе го распределат остатокот од мобилизираните меѓу другите борбени единици. Ако се обидат да избегаат, ви гарантирам дека ќе пукаат во глава и на првиот и на вториот и на третиот. Тоа ќе биде масакр за сите мобилизирани кои сакаат да избегаат од оваа војна“, додава генералот.

Тој исто така додава: „Заканата останува. Знаете колку е амбициозен Путин. Мислите дека ќе ја заборави горчината предизвикана од неговиот пораз во овој регион? Мислам дека не е така“.

Бригадниот генерал Мелник ја предводеше одбраната на Харков откако руските сили ја преминаа границата и го опколија градот уште во февруари.